Кинезите и Грците со отворени карти

Bez autora
Jul 19 2012

Шеесетте дена, за колку е пролонгиран тендерот за избор на компанија која ќе ги гради хидроцентралите Чебрен и Галиште, се потребни двете фирми кои учествувале да се изјаснат и прецизно да кажат што планирале со своите понуди. Министерот за економија Ваљон Сараќини вака вчера ги прецизираше причините поради кои се продолжува рокот за шестиот по ред тендер, откако пред три дена Министерството соопшти дека пролонгирањето е направено на барање на тендерската комисија за да се усогласат и прецизираат битни елементи за проектотт. Еден од нашите приоритети е со овој тендер да успееме, односно да се избере концесионер кој во иднана ќе ги гради двете хидроцентрали, но во ниеден случај нема да прифатиме понуда која не ги исполнува целосно условите. Подолго време комисијата се обидува да најде начин како да ги разгледа понудите на двете компании.

Кинезите и Грците со отворени картиШеесетте дена, за колку е пролонгиран тендерот за избор на компанија која ќе ги гради хидроцентралите Чебрен и Галиште, се потребни двете фирми кои учествувале да се изјаснат и прецизно да кажат што планирале со своите понуди.

Министерот за економија Ваљон Сараќини вака вчера ги прецизираше причините поради кои се продолжува рокот за шестиот по ред тендер, откако пред три дена Министерството соопшти дека пролонгирањето е направено на барање на тендерската комисија за да се усогласат и прецизираат битни елементи за проектотт.

- Еден од нашите приоритети е со овој тендер да успееме, односно да се избере концесионер кој во иднана ќе ги гради двете хидроцентрали, но во ниеден случај нема да прифатиме понуда која не ги исполнува целосно условите. Подолго време комисијата се обидува да најде начин како да ги разгледа понудите на двете компании. Факт е дека ние не можеме да влијаеме на одлуката, но од друга страна треба целосно да се заштитат интересите на државата и мислам дека многу подобро е да се почека некој период, отколку да донесеме некоја одлука која во иднина може да се покаже дека е лоша - вели Сараќини, кој очекува дека новиот рок ќе биде последен за да се добие каков било епилог за судбината на хидроцентралите.

Доколку се добие негативен одговор од компаниите, вели тој, нема да се престане и Владата ќе се обиде да најде друг начин за да ги реши овие две хидроцентрали.

На тендерот конкурираа две компании, кинеската Чајна вотер електрикк (ЦВЕ), која понуди 40,5% од акциите за ЕЛЕМ и грчката Паблик пауер корпорејшнн (ППК), која дава 28% од акциите. На прашањето дали кинеската компанија барала целата произведена струја да ја откупува државата, Сараќини одговара: Тоа се проблематичните работи, тендерската документација е јасна и бараме од една од двете компании да се изјасни и да каже што точно бара од државата, зашто има одредби во тендерската документација кои дозволуваат да се побара од компаниите да се изјаснат што прецизно планирале со своите понуди.

- Вреди да се каже и дека кризата веројатно влијае на компаниите, па тие не можат да донесат одлука и на некој начин тактизираат и со времето - смета Сараќини.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik